Вчера по повод 104-тата годишнина од смртта на полковникот Борис Дрангов, бугарската амбасада во Република Северна Македонија организира поклонение пред гробот на бугарскиот офицер во Скопје.
Во својот говор, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов потсети на клучните моменти од животот и делото на полковникот Дрангов. Беше нагласено дека со неговиот висок дух, патриотизам, храброст и саможртва Борис Дрангов оставил неизбледлив спомен и живописен пример за идните генерации.
Учесниците на церемонијата положија венци и цвеќиња на гробот на легендарниот бугарски офицер, стои во соопштението на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.