Делчевските училишта се подготвени за старт на учебната година со физичко присуство на учениците. Ова е констатацијата по одржаната средба на директорите на училиштата со градоначалникто на Делчево на која како што информираа од Општината констатирано е дека успесшно се завршени сите неопшходни подготовки за безбеден прием на учениците во училишните клупи.
-Средбата се одржа на иницијатива на градоначалникто на Делчево, Горан Трајковски со главен акцент на подготовките на училиштата за безбеден прием на ученици и нормален тек на настава. Првите луѓе на делчевските училишта потврдија дека училиштата се подготвени за старт на новата учебна година со физичко присуство, за што максимално се направени неопходните протоколи за заштита од Ковид-19, како на учениците така и на наставниците, истакнаа од Општината.
Во делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ годинава во прва година се запишани вкупно 113 ученици и тоа 76 ученици во гимназиско образование во 4 паралелки, 16 ученици во текстилно-кожарска струка во 1 паралека и 21 ученик во хемиско-технолошка струка во една дуална паралелка.
-За учениците од прва година во текстилно-кожарската струка досега се обезбедени стипендии од неколку фирми, додека учениците од хемиско-технолошка струка кои ги исполнуваат условите од Конкурсот за дуалното образование ќе добиваат стипендии од МОН. Вкупно запишани ученици за учебната 2021/22 година во делчевскиот средношколски училишен центар се 418, истакнаа од делчевската гимназија.
Во однос на почетокот на учебната година во двете делчевски деветолетки во прво одделение утре тргнуваат 113 првачиња. Во деветолетката „Ванчо Прке“ има 54 првачиња, од кои 13 во подрачните училишта, додека во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во учебната 2021/2022 се запишани 59 првачиња. Од нив 28 првачиња ќе следат настава во централното училиште, а 14 во подрачните училишта.
И оваа учебна година што е втора година по ред, Општина Делчево ќе додели по 3000 денари за родителите кои ќе ги запишат своите деца во прво одделение во делчевските училишта, како мерка која е во насока за подршка на родителите за да го подготват своето прваче за училиште и поттик, учениците да се запишуваат во делчевските училишта.