Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека една група од децата кои биле во допир со сомнителните случаи на туберкулоза во болницата во Козле утре ќе одат на скрининг, а останатата група во понеделник.

-Ја пратиме состојбата со децата во болницата во Козле, утре дел од одстанатите деца кои биле во допир со овие деца ќе одат на скрининг една група, друга група во понеделник. Обезбеден е скриниг и на возрасните лица, но не сите сакаат и даваат отпор, рече Тренчевска.

Нагласи дека најпогодени се лицата сместени во прифатниот центар Визбегово каде преземаат мерки и се што е во нивна надлежност. Посочи дека се во комуникација и со Министерството за здравство за да овозможат подбри услови на фамилиите кои живеат таму.

-Лицата сметени во Визбегово се вклучени во системот на социјална заштита, нивните семејства примаат детски додаток, некои и гарантирана минимална помош. Но, другите служби не си ја гледаат работата. На барање на Центарот за социјални работи повикавме водовод и канализација да ја исчисти канализациската мрежа, а комунална хигиена да го отстрани отпадот во кој луѓето реално живеат. Истите денеска се на терен. Центарот е постојано во Визбегово следиме, преземаме мерки се што треба и што е во наша надлежност, посочи Тренчевска.