Астролозите откриваат кои пет хороскопски знаци очекуваат среќа во декември 2022 година.
Бик
Бикот е еден од најсензуалните хороскопски знаци, а за време на празниците и магичниот декември неговите страсти и чувството за убавина уште повеќе се зголемуваат. Декември е време кога можете да се препуштите на работи кои ве опуштаат. Можеби се работи за масажа, танц или нешто слично. Прифатете ја вашата сензуалност на сосема нов начин. Ако сте во врска, обидете се да се поврзете со партнерот на сосема нови начини, нешто што никогаш досега не сте го направиле. Знаеме дека не ги сакате промените, но кога ќе се осмелите да направите нешто сосема ново, ќе откриете колку е навистина забавно.
Рак
Сезоната на празници е време на љубов за вас, нели? Во текот на декември и вие ќе се соочите со надминување на старите шаблони, кои ве спречуваат вистински да се опуштите во овој магичен период. Отворете го срцето за нови можности и нови авантури. За тоа време уште подлабоко ќе ја почувствувате љубовта и врските. Но, ќе имате и прекрасна можност да оставите настрана некои стари лутина и да ги отворите вратите за нови луѓе. Можете да израдувате многу луѓе во текот на декември, не заборавајте да посветите малку внимание на себе и пред се да одвоите време за себе.
Шкорпија
Затемнувањето на Месечината во ноември активираше многу работи во вашиот живот, но сега е време да ги оставите турбуленциите да се смират и да си дадете одмор. Во вашиот знак е и Марс, планетата на страста, агресијата и сексуалноста. Искористете ја моќта на Марс за да ги остварите вашите желби. Во врските зачинете ги работите со нови начини на поврзување, а пред се со искрено изразување на чувствата.
Стрелец
Стрелец, декември е вашето време – го славите роденденот, но и со нетрпение очекувате нов почеток. За вас декември ќе биде и период кога со задоволство ќе се впуштите во нови авантури. Не заборавајте дека понекогаш можете да ја подготвите авантурата дома со партнерот, да запалите свеќи и да подготвите романтична вечера. Посветете им се на најблиските луѓе и во декември подарете им го срцето на дланка.
Јарец
Јарците сега можат да доживеат среќни моменти. Ова е добро време за врски, кои сега можат да се продлабочат. Немојте да се изненадите ако запознаете некои нови луѓе со кои ќе се чувствувате како да ги познавате долго време. Можеби сега се среќавате со нив, но можеби вашата средба е предодредена.