Британската актерка Дејзи Ридли прозборе за приватноста и за тоа дека на филмските сетови ја доживуваат на многу погрешен начин.

28-годишната актерка изјави дека ја нарекуваат „агресивна“ и „заплашувачка“. Тоа го изјави по снимањето на својот најнов филм „Chaos Walking“, пренесуваат странските медиуми.

Кога ми ја средуваа периката за снимање… Се сеќавам дека си размислував: – Боже, дали треба да бидам поневидлива, потивка?“, изјави таа.

Instagram
Instagram

Ридли дебатираше во филмот „Star Wars: The Force Awakens“ и се појави во сите три филма, а нејзната актерска изведба беше поздравена од реномирани филмски критичари и обожаватели. Таа доби инстант глобална слава со улогата на Реј во трилогијата, но како што вели таа не е меѓу омилените личности на сет. Актерката вели дека многу често ѝ пренесувале што мислат луѓето од филмската индустрија за неа.

Ме нарекуваа агресивна… За време на состанок со еден режисер ми кажаа дека мојата енергија била прилично агресивна“, вели Дејзи.

Instagram
Instagram

Размислував: – Но, зошто?… Дали е тоа затоа што ги гледав директно во очи? Дали затоа што сум возбудена за тоа што зборуваме? Не знам. Го знаете тоа ужасно чувство на тонење од помислата: – Боже, зарем ги преминав границите?“, вели актерката.

Ридли вели дека е интровертна личност и дека сакала го држи личниот живот далеку од очите на јавноста, но, за жал, тоа не било возможно.

Кога потпишав за „Star Wars“, во мојот договор никаде не пишуваше: – Ќе дискутираме за твојот личен живот“, вели таа.

Instagram
Instagram

Дојде до точка кога сфатив дека многу од мојот живот е анализиран. Луѓето го знаат моето име, името на мајка ми, името на татко ми, што работат моите сестри. И мислев дека би било убаво да имам нешто што е само за мене, што не е за сите други. Си помислив дека ќе го држам тоа одвоено“, додаде актерката.

Филмот „Chaos Walking“ а научно-фантастичен трилер со Том Холанд во главната улога и треба да излезе во март 2021 година.