Канадскиот музичар Дејвид Фостер и неговата сопруга Кетрин Мекфи добија син, пренесува „People“.

Мама, тато и синот се добри“, за списанието потврди потпаролот на актерката.

Парот се венча во јуни 2019 година во Лондон и ова е нивното прво заедничко дете. 71-годишниот музичар претходно бил во брак четири пати.

Profimedia
Profimedia

Фостер има пет ќерки Алисон (50), Ејми (47), Сара (40), Ерин (38) и Џордан (34). Дури четири од петте ќерки на Дејвид се постари од нивната 36-годишна „маќеа“.

И покрај големата разлика во возраста на сопружниците, семејството го поддржува Дејвид и неговата одлука.

На нивната венчавка имало околу сто познати пријатели и членови на семејството. Тие за прв пат беа видени заедно во јавноста во април 2018 година.