Програмите за вакцинација во текот на оваа година нема да обезбедат колективен имунитет од светската пандемија, оценија здравствени експерти, забележувајќи дека причините за тоа лежат пред се во ограничениот пристап на вакцините до сиромашните земји, проблемите со довербата во одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот.
Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување и одговор на епидемиите, координирана од Светската здравствена организација, смета дека во скоро време нема да се вратиме во нормала, пренесе британскиот весник „Гардијан”.
– Знаеме дека треба да добиеме колективен имунитет и тоа ни треба во повеќето земји, така што тоа нема да се случи во 2021 година, рече тој.
„Можеби постојат некои земји што може да го постигнат тоа, но и тогаш ситуацијата нема да биде нормална, особено во однос на контролата на границата”, додаде Фишер.