Најдобриот фудбалер на Манчестер сити, Кевин де Брујне го одби првиот предлог на „граѓаните“ за продолжување на соработката.
Причината за тоа според англиските медиуми се условите кои му се понудени.
Иако се чинеше дека продолжувањето на соработката на Де Брујне и Манчестер сити ќе биде прашање на време откако Пеп Гвардиола потпиша нов договор, преговорите запнаа околу платата на белгискиот репрезентативец.
Според белгиските медиуми, Сити на својот најдобар играч му понудил незначително подобри услови од актуелниот договор на Де Брујне кој истекува во летото 2023 година.
Оваа информација доаѓа само еден ден откако Кевин де Брујне на дерби натпреварот во Премиер лигата против Челси постигна гол и имаше една асистенција.
Белгиецот на „Етихад“ пристигна во летото 2015 година од Волфсбург и со Манчестер сити досега освои две шампионски титули.