Нелогичен и смешен е предлогот администрацијата наместо 40 да работи по 36 часа неделно односно осум часа дневно од понеделник до четврток и четири часа дневно во петок, вели професорот Борче Давитковски во изјава за порталот Локално.
Според Давитковски е крајно нерационално на административните службеници да им се даде скратена работна недела додека економскиот сектор од кој практично се обезбедува платата на тие службеници, со овие измени ќе работи подолго од администрацијата.
Тој смета дека причината за овој предлог е лукративна во пресрет на локалните избори и е своевидно додворување на околу 140.000 административци.