Втор ден од пленарната седница за избор на новата влада која започна со критики од пратеничката на АА, Илире Даути до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Таа обвинува дека Џафери го крши деловникот бидејќи не ја почитува листата на пратеници кои се пријавиле за говор. Даути рече дека нејзе, како координатор на пратеничка група и е негирано тоа право.
„Ова е неправда која ни се прави од страна на собранискиот спикер со составување нова листа денеска, при што е исклучен пратеникот на АА да ја започне денеска седницата со негов говор. Барам да се разгледа повторно и да се продолжи со листата за која се договоривме вчера. Инаку принудена сум да се повикам на член 80, кој вели дека пратеничката листа не може да се менува и дополнува во текот на разгледувањето. Од вчера до денеска имаме три члена кои на флагрантен начин се прекршени од претседателот на Собранието“, истакна Илире Даути, пренесува ТВ 21.
Но во реплика Џафери рече дека не крши ниеден закон и ја советуваше Даути добро да ги прочита законите. Потоа продолжија дебатите и обвинувањата во врска со форматот на владата. Пратеничката Благица Лазоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека владата Заев во овие 5 години не заковала ниедна шајка и според неа оваа влада била најнеработлива во историјата на РСМ.
Целиот напис прочитајте го овде.