Новиот претседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски не се смета за партиски претставник на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК затоа што не е нивен челн.
По давањето на свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, Даштевски рече дека партиската поддршка завршува со избор на членовите на ДИК, а потоа тие мора да постапуваат согласно со Уставот и со законите.
„Јас сум, практично, „најнепартиски“ од сите во ДИК, затоа што не сум формално член на ниту една партија. Тие имаат доверба дека можам да сработам нешто“, изјави Даштевски.
Од седум членови на Комисијата, тројца се реизбрани на истите функции, а останатите се нови предлози од партиите.