Легендата на македонскиот и југословенскиот фудбал Дарко Панчев во интервју за агенцијата Анадолу зборуваше за учеството на македонската фудбалска репрезентација на ЕП, за прв пат во својата историја. Меѓудругото тој рече.
-Нема да ја откријам Америка ако кажам дека ќе бидеме аутсајдери. Тоа на сите им е јасно, но се надевам дека можеме барем еден противник да изненадиме. Многу е важно да оставиме добар впечаток и да не бидеме вреќа за боксирање. Тоа што Македонија се пласира на Европско, на Европа ништо не ѝ значи. Нив нормално им е да играат, најголемиот дел од тие селекции секои две години играат на некој голем турнир и затоа за да ги импресионираме, мора да победиме барем една од овие три селекции кои се во нашата група“, вели Панчев.
Целото интервју на следниот ЛИНК.