И покрај неколку испратени барања за екстрадиција до Србија, кривичниот и апелациониот суд во Скопје го прифатија барањето на Драган Даравелски за повторување на судската постапка за финансиски злоупотреби во царината извршени до 2002-ра.

На тој начин делото за кое беше гонет Даравелски автоматски му застарува. Даравелски првично беше осуден на 7 години затвор, а пресудата стана правосилна во 2008-ма година, објави Телма.

Поранешниот директор на царината беше во бегство повеќе од две децении, а на 11-ти јануари се врати во Македонија и оттогаш е во затворот Идризово.

Тој побара повторно судење на истиот случај бидејќи е осуден во отсуство, судот му го прифати барањето врз основа на законската можност дека осудениот во отсуство има право да бара ново судење во рок од една година од денот кога дознал за пресудата со која е осуден во отсуство.

Целата вест на Телма