Според податоците коишто ги објавиле во својата студија, токму пациентите кои што го прележале коронавирусот дома имале помал ризик од сериозни и долгорочни последици од заразата.
Пациентите коишто поради коронавирусот морале да бидат хоспитализирани, често по оздравувањето се жалеле на долготрајни симптоми, односно тоа во медицината е познато и како долготраен Ковид-19.
Но, каква е ситуацијата со пациентите коишто коронавирусот го прележале дома?
Данската студија објавена во списанието „The Lancet Infectious Diseases“ опфатила речиси 10.500 испитаници коишто биле позитивни на коронавирусот во 2020 година во Данска, пренесува „The Lancet“.
Од тој број, 85,6 отсто од пациентите не завршиле на болничко лекување, туку се лекувале во домашни услови.
Според податоците коишто се прикажани во истражувањето, токму пациентите коишто коронавирусот го прележале дома имале понизок ризик од сериозни и долгорочни последици од заразата.
Истражувачите истакнале дека апсолутниот ризик од подоцнежните акутни компликации или пак хоспитализација на пациентите поради упорните и долготрајни симптоми кои се јавуваат од две седмици до шест месеци по прележување на болеста е многу низок.
Меѓутоа, тие истакнале дека таквите пациенти често го посетувале нивниот семеен доктор, што може да укажува на долготрајни симптоми коишто не резултираат со лекување со специфични лекови или пак со хоспитализација.