Данска најави дека на НАТО ќе му стави на располагање баталјон од 800 војници како можно засилување во балтичките земји поради руската закана. Нордиската земја веќе испрати околу 200 луѓе и борбени авиони во Естонија и Литванија и фрегата во источниот дел на Балтичкото Море.

– Веќе сме многу присутни на теренот, но подготвени сме да направиме повеќе, рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција.

„Затоа владата ќе предложи испраќање баталјон со околу 800 војници во балтичките земји“, рече таа на конференцијата посветена на данската помош во украинската криза.

Баталјонот е веќе во готовност за да може да биде испратен во случај на потреба.

– НАТО треба да поднесе официјално барање за да може Данска да ги испрати тие војници на терен, додаде премиерката.

Фредриксен ќе престојува во Естонија, Летонија и Литванија в среда и четврток, каде со претседателите на данските партии ќе ги посети данските трупи.