Данска ќе воведе забрана за влез на патниците од сите земји во светот, со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот, освен во оправдани случаи и со негативен тест не постар од 24 часа, изјави министерот за надворешни работи Јепе Кофод.
Оправдани случаи се оние во кои некое лице работи или има семејство во Данска, пренесува Си-Ен-Ен.
Почнувајќи од утре, властите во Данска исто така ги советуваат граѓаните да избегнуваат патувања во странство.
Според новите регулативи, данските граѓани кои се заразиле во странство нема да можат да се вратат во својата земја со авион.
Новите ограничувања ќе останат на сила до 17 јануари.