Министерот за надворешни работи на Краството Данска Јепе Кофод уверува дека неговата земја нема сомнежи дека Северна Македонија треба да почне преговори со ЕУ.
Во врска со спорот со Бугарија Кофод вели дека Данска цврсто застанува зад Северна Македонија и ги поддржуваме реформите што земјата ги презема досега.
„Сметаме дека Северна Македонија е подготвена да почне преговори за членство и ние за тоа ќе се залагаме. Се надевам дека разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе дадат резултат“, вели Кофод.
Тој се надева дека годинава ЕУ ќе донесе одлука за почнување преговори со Скопје, одкула која ќе ја поддржи и Бугарија.