Данела Арсовска прогласи победа во Скопје. Таа кажа дека според последните информации има предност пред Шилегов од над 20 илјади гласови, и среќна е што првпат после 30 години Скопје има жена градоначалник.

„Многу ми значи вашата поддршка, и што ми ја дадовме довербата да го водат градот Скопје и да бидам ваш човек во градот. По тешки битки, во оваа кампања, мој противник не беше само стариот градочалник, туку и премиерот во заминување. На мое големо задоволство Скопје после 30 години за прв пат има жена за градоначалник.

Благодарност до моето семејство, до моите најблиски, покажавме дека и покрај црната кампања, ми беа најголема поддршка. Сега имаме шанса посветено да работиме, да побараме одговорност за она што не е сработено, но и Скопје да го трансформираме во чист и зелен и модерен град.

Огромна е победата, над 20 илјади гласови според информациите“, рече Арсовска.