Новата анкета го откри идеалниот број на сексуални партнери којшто треба да ги има една личност, барем според мислењето на 1.000 испитани жени и исто толку мажи.

Истражувањето спроведено од британската страница за запознавање IllicitEncounters.com вклучувало 1.000 мажи и 1.000 жени, а се покажало дека 52 отсто од испитаниците сметаат дека тој број треба да биде 13.

Според податоците, некои може да ги одбие фактот дека другата половина имала повеќе од 18 сексуални партнери – 73 отсто од испитаниците се согласуваат. Некои се чини дека ова го гледаат како знак дека некој може да биде неверен, што не мора да биде поврзано.

Податоците исто така покажаа дека 67 отсто од жените лажат за бројот на своите сексуални партнери, во споредба со само 13 отсто мажи. Ова би можело да биде затоа што жените се повнимателни во споделувањето на своите интимни подвизи со цел да делуваат поконзервативни кон спротивниот пол, пренесува „Дејли стар“.

Дури 77 отсто мажи рекле дека би спиеле со некого на првиот состанок ако постои хемија, во споредба со само 39 отсто од жените.

Повеќето не сакаат да ја знаат сексуалната историја на својот партнер

Интересно е што повеќе мажи (59 отсто) отколку жени (46 отсто) сметаат дека големиот број сексуални партнери го прават некого помалку пожелен, што сугерира дека сè уште постои социјална стигма во однос на перцепцијата на промискуитетот меѓу половите.

Според тоа истражување, само 31 отсто од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната историја на нивниот партнер, што укажува на тоа дека луѓето повеќе не би сакале да мора да се справуваат со своите чувства во врска со ова прашање, особено ако не им се допаѓа одговорот.

Експертката за секс Џесика Леони вели дека голем број на сексуални партнери одбиваат многумина, затоа што никој не сака да биде само уште еден или една во низата. Меѓутоа, исто така, не сакате да излегувате со некој што одвај има искуство.

„13 партнери е идеален број – и гарантира дека ќе завршите во кревет со некој искусен, авантуристичен и отворен“