Министерството за внатрешни работи соопшти дека распишало потрага по лице, откако при извршениот увид во опожарената куќа не се пронајдени остатоци од опожарено тело. Пред два дена, медиумите објавија за прва жртва во пожарите во село Челопек, Старо Нагоричане, кумановско, откако постар маж пред камерите изјави дека Стојанка, со која тој живеел, не можел да ја спаси откако се заклучила во куќата со цел да се сокрие од пожарот, а потоа куќата целосно изгорела.
-Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапуба понасока на Јавен обвинител, во координација со обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршиле детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги, велат од МВР.