Лекарите советуваат дека мочниот меур мора да се испразни приближно на секои три часа, но сите знаеме дека постојат ситуации кога тоа едноставно не е можно. Што тогаш?
Одложувањето на работите е често вообичаено однесување за сите нас, а неколку часа нема да значат опасност за животот, но можно е да му наштетите на организмот ако „трпите“ или немате навика редовно да го празните мочниот меур.
Здравиот мочен меур може да чува околу 460 мл урина, а на телото му требаат околу 10 часа да ја произведе таа количина. Токму толку часа можете да издржите без да одите во тоалет, а да не ги оштетите органите. Во најлош случај, мочниот меур може да се растегне за да складира и повеќе од гореспоменатата количина на урина, но ако поради некоја причина не можете да одите во тоалет, или ако забележите дека вашето дете трпи, имате право за загриженост. Мочниот меур е орган што се шири и се собира, но процесот на празнење на меурот не е сличен на контракција на мускулите. Урината се филтрира кога патува од бубрезите до меурот, а кога содржи околу 700 мл урина, се смета дека е полн. Тој е директно поврзан со мозокот и е полн со рецептори кои му кажуваат на мозокот колку е полн. Можеме да замислиме дека постои една невидлива линија на мочниот меур, која, кога урината ќе го достигне тоа ниво, му јавува на мозокот дека е време да се испразни.
Кога првиот пат ќе почувствувате потреба за мокрење, меурот веројатно може да прими уште течност, но кога е полн, мускулите околу него ќе се стегаат за урината да не протече надвор додека не го испразните. Компликации и други здравствени проблеми што можат да бидат предизвикани ако меурот не се испразни навреме се инконтиненција, хиперактивен мочен меур или задржување на урината.
Опасности од задржување на урината
Опасностите од задржување на урината се многубројни, но нема да дојде до голема штета ако никако не можете да одите во тоалет, шест часа. Но, ако постојано ја избегнувате оваа „работа“, може да се појават компликации.
Задржувањето на урината може да предизвика неколку опасности:
1. Ако не го празните мочниот меур редовно, или дури цел ден, резултатот може да биде инфекција на уринарниот тракт.
2. Ако ја задржувате урината, затоа што тоа ви е навика, мочниот меур може да атрофира, а со тек на времето може да се развие и инконтиненција.
3. Кога урината ја задржувате и подолго од 10 часа, може да дојде до неможност за уринирање, што значи дека мочниот меур не може да се опушти дури и ако сакате да уринирате.
4. Во ретки случаи, задржувањето на урината може да предизвика пукање на мочниот меур.
Која е најопасната последица?
Шансите да умрете од таа причина се мошне мали, а некои лекари ќе речат дека не постојат. Во не така често сценарио, ако ја задржувате урината премногу долго, може да дојде до неможност да го испразните, а тогаш и до пукање на мочниот меур. Ако се случи тоа, потребна е итна медицинска помош бидејќи станува збор за состојба опасна по живот. Ако често ја задржувате урината, и тоа го правите со денови, сте ги изложиле сите органи на бактерии, што може да значи инфекција на уринарниот тракт, како и сепса.
Колку често, всушност, уринираме?
Нормалното уринирање варира од личност до личност, а зависи и од тоа колку течност пиете на ден. Децата имаат помали меури, затоа често мора и да ги испразнат, а возрасните одат во тоалет четири до 10 пати на ден. Одредени лекови, како што се диуретиците, можат да влијаат на честото уринирање, а состојбите како дијабетес, бременост, може да имаат ист ефект.
Дехидрираност
Ако подолго време не чувствувате потреба да уринирате, причината може да биде дехидрираност – состојба во која телото изгубило повеќе течност отколку што примило.
Симптоми на дехидратација:
– Вртоглавица
– Ретко одите во тоалет
– Урината е кафеава или темно жолта
– Сува уста
Што друго може да влијае на неможноста за уринирање?
Можеби ви се случило да сакате да уринирате, но не можете. Некои состојби можат да влијаат на овој проблем:
– Пропаѓање на бубрезите
– Инфекција на уринарниот тракт
– Зголемена простата
– Проблеми со контролата на мочниот меур
– Блокада што спречува празнење на мочниот меур
Кога е време да посетите доктор?
Ако имате какви било проблеми со уринирањето, одете на лекар, бидејќи тоа не е симптом со кој треба да научите да живеете. По 36-48 часа без празнење на мочниот меур, лекар е, исто така, итно потребен.
ЦРП тестот е општ тест за откривање на присутно воспаление во телото. Тоа значи дека ЦРП покажува дека постои некое воспаление во организмот, но не може да ја одреди неговата точна локализација.
Што е ЦРП?
ЦРП е кратенка што означува Ц-реактивен протеин, станува збор за протеин што се произведува во црниот дроб. Неговата концентрација во венската крв се користи како значаен биохемиски параметар за многу состојби. Во лабораториската дијагностика е познат како најмногу испитуван протеин на плазмата, кој служи како маркер за воспаление. Тој е важен индикатор при воспаление, некрози на ткивото или при траума
Што покажуваат вредностите на ЦРП?
Се смета дека е нормална концентрацијата на ЦРП до 10 мг/л, а не постои значителна разлика помеѓу референтните вредности за мажи и жени, ниту за возраста.
Ненормално ниски вредности – може да се најдат кај луѓе кои се на терапија со лекови за намалување на маснотиите во крвта (статини) или на терапија со аспирин.
Високи вредности – може да се очекуваат како последица на зголемен физички напор, бременост (особено во последните неколку месеци), земање орални контрацептиви, пушење и високи надморски височини, а особено зголемени масти во серумот (липемија) и постоење на т.н. ревматоидни фактори. Исто така, може да се очекува и кај дијабетесот и артериската хипертензија.
Кога е покачен ЦРП?
– Малигни заболувања (особено лимфоми)
– Системски лупус еритематозус
– Ревматоиден артритис
– Васкулитиси
– Инфаркт на миокардот – високо чувствителниот ЦРП служи како параметар за проценка на кардиоваскуларниот ризик.
– Инфекција – особено бактериските, во кои порастот е многу побрз и поизразен од зголемувањето на седиментацијата или бројот на леукоцитите. Ова не е случај кај вирусните инфекции, така што тоа понекогаш може да биде и значаен диференцијален дијагностички параметар за разликување помеѓу бактериските и вирусните инфекции.
– Воспалителни заболувања на цревата
– Пневмококна пневмонија
– Ревматска треска
– Туберкулоза