По пауза од повеќе од пет години Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии во владата на Никола Груевски, се враќа на политичката сцена. Тој ќе биде дел од новото работно тело на ВМРО-ДПМНЕ, во кое ќе бидат уште Христијан Мицкоски и Оливер Шамбевски, а кои ќе ги контролираат градоначалниците на оваа партија, дали ги исполнуваат ветувањата дадени кон граѓаните во предизборната кампања.

На прашањето на „Фокус“ дали вклучувањето на Ставрески значи обид за обединување на партијата во пресрет на конгресот на 12-ти декември, од ВМРО-ДПМНЕ со одговор:

-ВМРО-ДПМНЕ континуирано обединува и расте. Изборниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е закажан за 12.12.2021 година, целиот процес ќе се одвива на демократски начин па сите идни чекори на раководење и делување ќе ги презентираме на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски и негов тогашен близок соработник, Зоран Ставрески вчера се врати во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, откако стана член на на работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалнците од нивните редови.

 

Зоран Ставрески оставката од позицијата министер за финансии ја поднесе во 2016-та година.