Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети попладнево објави фотографија на неговиот Фејсбук профил, во придружба со неговите сопартијци, Изет Меџити, Муса Џафери и Садула Дураку.

Беџети негираше дека во ДУИ има партиски групирања, додавајќи дека станува збор за обичен ручек со своите сопартијци.

„Ние денеска сме на заеднички ручек, редовна средба би рекол, бидејќи не седиме само ние четворица, има и други луѓе. Нема никаква поврзаност со тоа што го зборувате“, изјавил за ТВ21, Блерим Беџети.

Тој смета дека никој не треба да биде провоциран од објавената слика, ниту Артан Груби.