Доколку Алијанса за Албанците и Алтернатива останат поделени во одлуката за поддршка на Биљал Касами за градоначалник на Тетово, како во тој случај ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ, партија со која коалицијата АА-ААА имаат договор за соработка? Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, не открива ништо однапред. Вели дека в сабота ќе одлучат во однос на давање поддршка на другите политички партии.
И Куманово во вториот круг ќе има двајца кандидати, Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски како независен кандидат. Со оглед на тоа дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски не помина во вториот круг, дали може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Димитриевски, кој некогаш беше дел од СДСМ?
На прашањето дали очекува поддршка од коалиција АА-ААА во Кичево за кандидатот Александар Јовановски, Мицкоски одговори дека сѐ уште немаат разговарано за ова прашање. Инаку, Јовановски во вториот круг во Кичево ќе се соочи со Фатмир Дехари од ДУИ.
Превземено од ТВ21