Дали в година ќе има нови лекови за дијабетес на позитивната листа, ќе одлучи комисијата која е формирана од Министерството за здравство.
Министерот Арбен Таравари, одговарајќи на прашање по повод Светскиот ден на дијабетесот и недостигот на лекови од втората и третата линија, рече дека ќе дадат максимум барем в година лековите да бидат вклучени на позитивната листа, меѓутоа одлуката ја носи комисијата.
„Имаме комисија, која е формирана од Министерството за здравство и која треба да одлучи кои се побитните работи, кои лекови имаат приоритет, зборувам за целото население во државата, да бидат ставени во позитивната листа. Сега не можам да кажам генерици или имиња на лекови бидејќи тоа веќе е несериозно. Очекувам комисијата, која е компетентна и која треба врз база на сите фармако-економски и други анализи што ги прави, да му предложи на Министерството за здравство кои треба да бидат следните лекови на позитивната листа“, изјави министерот Таравари по укажувањето од страна на новинарката што го постави прашањето дека бројот на дијагностицирани со дијабетес е во пораст.
Претходно денес, по повод Светскиот ден, дијабетичарите испратија отворено писмо до министерот за здравство, во кое бараат попишување и имплементација на декларацијата за дијабетес, но и посвестување внимание и на физичката и на менталната благосостојба на дијабетичарите.
Најновите податоци на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) покажуваат дека повеќе од половина милијарда луѓе во светот сега живеат со дијабетес.
Во Македонија околу 116.125 луѓе живеат со оваа состојба. Од нив, 40 отсто се недијагностицирани, а во 2021 година дијабетесот довел до 2.590 смртни случаи.