Да се има пристап до постојан прилив на здрави закуски отсекогаш бил клучот за да остане „разумен“ во текот на денот. Бидејќи многумина од нас продолжуваат да работат од дома, поминувајќи ден за ден приврзани за нашите екрани, толку е попотребно да имаме лесен пристап до храна за која знаеме дека ќе ги задржи нашите нивоа на енергија и нашето расположение на високо ниво.
„Зборот „грицкање“ понекогаш има лоша репутација… Но, кога грицкате здрава храна која е преполна со нутриенти, грицкањето всушност може да го одврати гладот доцна во ноќта, што на крајот може да помогне во целокуното здравје и секако, да спречи прејадување“, вели д-р Мелиса Рифкин.
Клучот, според д-р Рифкин е растителниот протеин. Нејзината омилена здрава закуска и нејзин прв избор како што вели, секогаш се кикириките.
„Една порција кикирики има 7 грама растителен протеин што ќе ве одржи заситени“, вели таа.
Вистина е дека големите работи доаѓаат во мали пакувања. Кикириките се богати со хранливи материи. Всушност, врз основа на низа истражувања, оваа моќна мешунка го заслужува статусот на суперхрана.
Покрај протеините, една порција кикирики содржи 19 витамини и минерали, од кои повеќето се борат против срцевите заболувања и тоа витамин Е, фолна киселина, ниацин, магнезиум, витамин Б6, цинк, бакар и калиум. А секако овде се и антиоксидантите, мононезаситените и полинезаситените масти кои помагаат во намалување на лошиот холестерол.
„Подобрувањето или одржувањето на здравјето овие денови е императив, а наоѓањето лесна и достапна заксука, може да има огромно влијание со корисни ефекти врз здравјето“, додава д-р Рифкин.
Го намалува ризикот од рак
Резултатите од холандската студија „Cohort“ холандската студија објавена во 2018 година, покажаа дека јадењето кикирики е поврзано со намален ризик од тешки видови на карцином на дојка кај жени. Друго холандско истражување открило дека мажите кои консумираат лажичка или повеќе путер од кикирики дневно имаат помал ризик од рак на панкреасот.
Помагаат да се зајакне здравјето на срцето
Студија објавена во „Current Atherosclerosis Reports“ во 2018 година покажа дека оние кои редовно консумираат кикирики имаат намален ризик од кардиоваскуларни болести. Студија од 2017 година, која испитувала повеќе од 200.000 учесници, покажала дека редовната порошувачка на кикирики е поврзана со 15% намален ризик од корорнарни срцеви заболувања.
Кикириките и путерот од кикирики помагаат да се спречи појавата на дијабетес тип 2
Студија од 2016 година на Универзитетот Харвард покажа дека заменувањето на порција животински протеини со порција растителни протеини, како кикирики и путер од кикирики, значително го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Друга студија објавена во „Journal of the American Medical Association“ покажа дека потрошувачката на путер од кикирики го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за 21% кај жените.
Помагаат да се зачува сознанието и менталната јасност
Кикириките имаат високо ниво на ниацин и се добар извор на витамин Е – две хранливи состојки за кои одамна е познато дека штитат од Алцхајмерова болест и когнитивен пад поврзан со возраста. Една студија покажа дека, кај скоро 4.000 луѓе од 65 години или постари, ниацинот од храната ја забавува стапката на когнитивен пад. Друга студија истакна дека внесот на витамин Е може да го одложи функционалното опаѓање на пациентите со Алцхајмерова болест, пишува „Real Simple“.