На глобално ниво се развиваат 277 ковид-19 вакцини, од кои 93 се влезени во фаза на тестирање на луѓе. Од нив две се замислени за орално земање, а седум се во форма на спреј за нос.
Вакцините на кои моментално работат американските компании Санови и Алтимун освен ова имаат потенцијал да обезбедат и подолготраен имунитет и да се попонтентни во однос на поновите варијанти.
За почеток, вакцини во оваа агрегатна состојба би биле полесни за чување и транспортирање и полесни за примање. Поентата е дека вака спакуваните вакцини ќе бидат полесни за користење во рурални и останати недоволно развиени делови од светот, каде не постои ни најосновната структура за чување на вакцини како оние на Фајзер или Модерна.
Вакцината што ја прави Алтимун би била во форма на спреј за нос, слична на вакцината за грип на АстраЗенека која веќе се користи за сезонско вакцинирање.
Производот на Алтимун содржи верзија на нештетен вирус кој во себе носи генетски код што им дава насоки на клетките во телото да почнат да создаваат протеини од коронавирус. Ова предизвикува имунитетна реакција, вклучувајќи и производство на антитела во крвта кои ја градат одбраната кон вистинскиот вирус.
Ова е сличен концепт на кој работат и сегашните вакцини за ковид-19 од Џонсон и Џонсон и АстраЗенека. Разликата е што вакцината на Алтимун би можела да започне и имунитетна реакција во слузокожата која би помогнала да го исчисти вирусот во респираторниот тракт, и со тоа да го намали пренесувањето на вирусот од вакцинираните.
„Кога го имаш овој имунитет на слузокожата тоа може да ја блокира инфекцијата уште на влез и да ја неутрализира на излез што ќе биде многу важно од перспектива на јавно здравје,“ објаснува главниот научник на Алтимун, др. Скот Робертс.
Очекувањата на компанијата се дека до средина на годината ќе имаат резултати од тестовите во рана фаза за тоа дали вакцината го стартува имунитетниот систем.
Ваксарт од Сан Франциско работи на таблета вакцина против ковид-19. Резултатите што тие ги објавија во февруари покажаа дека апчето го активира имунитетниот систем и заштитува против разни варијанти на ковид-19.
До средината на годината Ваксарт планира со почнување на втора фаза на тестирање.
Фајзер и Модерна исто така работат на следна генерација вакцини, која освен новите варијанти на ковид-19, ќе треба да има апгрејд и во однос на транспортот и чувањето.
Во ова друштво се приклучува и американската влада и армија преку ВРАИР (Walter Reed Army Institute of Research) кои работат на експериментална верзија која би можела да обезбеди поширока заштита од новите варијанти на вирусот. Крајната намера им е да се обезбеди вакцина која заштитува против сите типови на ковид-19 со една доза.
Сосема друг пристап кон масовната имунизација е истражувањето дали е можно комбинирање на различни постојни ковид-19 вакцини во поефективна вакцина од една доза. Ова би се користело за ревакцинирање на годишно ниво, а надежта е дека заштита од неа би траела подолго.
Извор: Офф.нет
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.