Во соработка со режисерка Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски, „Лајка“ ја лансира кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на вдомување на долго задржаните кучиња кои со години чекаат свој човек.
Кампањата преку моќни фотографии ги прикажува кучињата во топли, секојдневни сцени – моменти во кои недостасува само еден елемент за сликата да биде целосна: новиот сопственик што ќе им подари љубов и дом.
Овие кучиња не се бројки, туку личности со свои приказни, емоции и надежи.
„Со оваа кампања сакаме да допреме до срцата на луѓето и да им покажеме дека секој дом има место за уште еден член – особено за оној што најмногу чека“, велат од „Лајка“.
Преку „Дали си ти мојот дом?“ јавноста ќе има можност да ги запознае најдолго задржаните штитеници на Лајка, да ја види нивната нежна страна и да дознае како да им подари нов почеток.
Текстот „Дали си ти мојот дом?“ – Нова кампања за вдомување на заборавените кучиња од „Лајка“ е превземен од МАКФАКС.