На денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата, Шекеринска беше прашана и дали ќе ја задржи позицијата заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај, при што таа одговори дека во тек се процедури на предлози од страна на општинските организаци.
– Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска.
Таа исто така на прашањето дали е кандидат за амбасадор во Вашингтон изјави дека не била дел од никакви дискусии, но додаде дека тоа е важна позиција,за која не треба да се дискутира во медиумите, туку во министерството и владата.