Израелската армија од денеска го ограничи влезот на странски новинари во Појасот Газа, соопшти Граничната управа при на израелското Министерство за одбрана.
„На новинарите им се забранува да поминуваат низ контролниот пункт Ерез (единствениот пункт за патници во северниот дел на Појасот Газа) сè до ново известување. Ве информираме дека новинарите нема да можат да поминат низ контролниот пункт Ерез до ново известување “, соопшти Министерството за одбрана, цитирано од прес-службата на израелската влада.
Инаку, локалните медиуми тврдат дека над 300 лица биле повредени во судирите што избувнаа пред два дена помеѓу Палестинците и израелските полициски сили. Демонстрантите фрлале камења кон полицијата, а тие возвратиле со шок бомби. Претходно, полицијата им забрани на Евреите да доаѓаат во делот на градот околу џамијата Ал Акса за време на маршот по повод Денот на Ерусалим, што беше одбележан вчера во спомен на настанот кога израелската армија го зазеде Источен Ерусалим во 1967 година. Во немирите беа повредени и 21 полицаец.