Кога се справувате со грчеви, крварење и сите други несакани ефекти од менструацијата, дефинитивно сакате да се чувствувате подобро што е можно поскоро.
Ни треба добра енергија за полесно да се справиме со сите проблеми што доаѓаат со тоа време. Но, за жал, тоа време од месецот ја троши целата ваша енергија. И се испоставува дека дури постои и здравствена причина зошто сме толку уморни за време на менструацијата.
Десет дена пред да започне менструацијата, вашето тело се надева дека јајце клетката ќе се сретне со сперматозоид и ново суштество ќе почне да расте во вашата матка.
Кога јајце клетката не е оплодена, хормоните потребни за бременост сега се ирелевантни и, како резултат на тоа, нивните нивоа одеднаш паѓаат. Кога ќе се случи ова, вашето тело преминува од високо ниво на хормони на нула хормони, а оваа промена предизвикува некои други промени во вашето тело, што го става вашето тело во состојба на замор.
Нивото на хормони почнува повторно да расте една недела по почетокот на менструацијата и достигнува врв за време на овулацијата (околу две недели по почетокот на менструацијата). Колку се повисоки вашите нивоа на хормони, толку повеќе енергија имате. Во оние денови кога се чувствувате како зомби, добра идеја е да вежбате, да останете хидрирани, да јадете редовни, здрави оброци и да спиете најмалку осум часа навечер.
Меѓутоа, ако ниту една од овие мерки не помогне, имајте на ум дека вашата енергија ќе се врати за неколку дена.
фото: принтскрин
Текстот Дали се чувствувате дополнително уморни за време на менструацијата: постои причина за тоа е превземен од МАКФАКС.























