Капитенот на македонската репрезентација на Мундијалот во Хрватска 2009 година, постигна рекордни во историјата 92 гола.
Вчера заврши првата фаза од Светското првенство кое се игра во Египет, и на кое подмладената Македонија успеа да обезбеди пласман во наредната рунда каде веќе денеска ја очекува пресметка со Словенија.
Во групната фаза се постигнати 2625 гола, а највеќе голови постигна Унгарија 107, зад нив се Словенците со 105 и Данска која даде 104 гола на три натревари. Македонија на трите натпревари против Шведска, Египет и Чиле постигна 71 гол.
Најдобар стрелец на Мундијалот во Египет е Норвежанецот Сандер Сагосен кој на три натпревари постигна 30 голови и за норвешките медиуми најавува дека желба му е да го собори рекордот на Кире Лазаров.
Капитенот на македонската репрезентација на Светското првенство во Хрватска 2009 година постигна дури 92 гола со што е најдобар стрелец во историјата на ракометните Мундијали.
Доколку Норвешка стигне до самиот крај, Сагосен ќе одигра уште шест натпревари на кои ќе мора да има просек од најмалку 10 гола по натпревар за да го собори рекордот на Лазаров.