Десет секунди беа доволни за Серхио Рамос да заплаче на прошталната прес-конференција од Реал Мадрид, клубот во кој мина 16 години.
За Рамос, кој е во доцните години на својата кариера, започнува нов живот, тој сè уште нема идеја каде да ја продолжи кариерата бидејќи се надеваше дека сè ќе биде договорено со Реал Мадрид.
Како што обично се случува во вакви ситуации, не може без контроверзии. Самиот дефанзивец беше изненаден од начинот на кој сето тоа заврши.
“Морам да кажам дека немаше финансиски проблеми. Сакав две години договор и мир за мене и за моето семејство. Ја прифатив понудата за една година, но тие ми рекоа дека веќе не е можно, дека истече и јас не ‘знам зошто “, рече Рамос.
Судејќи според изјавата на менаџерот Педро Браво, човекот кој го донесе Рамос во Реал во 2005 година, не може да се негира можноста легендата на Лос Бланкос да биде предадена од неговиот брат.
Стратегијата на Рамос и неговиот брат и истовремено менаџерот Рене беше мета на критики и се покажа како целосен неуспех затоа што предизвика контраефект.
“Оној што го донесе Рамос во Реал пред 16 години никогаш немаше да му дозволи да оди како што тоа го стори. Со толку многу напнатост, преговори, уцени, протекување информации … Само разговор и професионализам. Реал Мадрид не се игнорира.”, напиша Браво на Твитер.
Quien trajo a Sergio Ramos al Real Madrid hace (16) años jamás habría permitido que saliera como lo ha hecho porque nunca habría habido tanta tensión en las negociaciones, chantajes, filtraciones, ni caducidad sino diálogo y profesionalidad. Al Real Madrid no se le ningunea ¡!
— Pedro Bravo (@PedroBravoJ) June 18, 2021
Преговорите помеѓу Реал и Рамос траеја со месеци, постојано се појавуваа нови информации. Фудбалерот постојано се двоумеше, а клубот чекаше и чекаше. На крајот, Флорентино Перез реши да сече, па легендарниот стопер мора да бара нов клуб.
За „кралевите“, Рамос одигра 671 натпревар, а како стопер успеа да постигне дури 101 гол. Тој има освоено четири Лиги на шампиони, пет титули во Ла Лига, четири Светски клупски шампионати, два Копа дел Реј, четири Шпански Суперкупа и три Европски Суперкупа.