Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на својот Фејсбук профил објави дел од Викиликс, каде што пишува дека Директорот на АНБ, Виктор Димовски во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.

– Ова е истиот директор Димовски кој Ковачевски сѐ уште го држи на позиција (да дозаврши уште што остана) и кој откако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ побараа негова одговорност за случајот со издавањето на државјанство на рускиот шпион, рече дека го проверувал пратеничкиот морален кредибилитет. Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата? Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес-конференција? – прашува Ковачки.