Деновиве се шпекулира околу тоа дали принцот Хари ќе пристигне во Велика Британија за откривањето на статуата на неговата мајка по повод одбележувањето на 20-годишнината од нејзината смрт.

Имено, принцовите Вилијам и Хари уште во 2017 година објавија дека одбележувањето на 20-годишнината од смртта на нивната мајка Дајана ќе се случи на 1 јули 2021 година во градината на палатата Санкен во Кенсингтон.

Принцот Вилијам и принцот Хари го одобриле последниот дизајн на статуата на Дајана

На тој ден, трагично починатата принцеза ќе го прославеше својот 60-ти роденден. Сепак, оттогаш се случија многу работи во кралското семејство, па сега, извори тврдат дека владее неизвесност затоа што браќата се во „војна“ околу оддавањето почит на Дајана, пишуваат странските медиуми.

Иако се очекува дека на настанот ќе присуствуваат и принцот Вилијам и принцот Хари, сега постојат сомнежи – дали Хари ќе присуствува по неговите контроверзни тврдења за кралското семејство.

Имено, Хари барал Меган да биде дел од официјалната церемонија. Иако таа нема да може да присуствува лично поради тоа што е во последната фаза од бременоста со второто дете, принцот Хари сакал говорот подготвен од Меган да биде вклучен во настанот или нејзиното видео обраќање да биде објавено во медиуммите истиот ден кога ќе биде откриена статуата.

epa-efe
EPA-EFE/LIONEL HAHN /

Кралскиот коментатор Чарли Реј во емисијата „TalkRadio’s Kevin O’Sullivan“ зборуваше дека постои загриженост доколку барањата на Хари не бидат исполнети, дека принцот ќе одбие да се појави на настанот, пишува „Express.uk“.

Чарли Реј смета дека принцот Чарлс и принцот Вилијам ќе ги остават настрана нарушените односи со принцот Хари за таа пригода.

Откривањето на статуата на принцезата Дајана е нешто за што принцот Хари треба да се врати… И Вилијам и Хари ветија дека ќе бидат таму. Хари рече дека кога се вратил за погребот на принцот Филип, не се чувстувал добро. Веројатно ќе чувствува поголема траума затоа што продолжува да го критикува сопственото семејство“, истакна тој.

epa-efe
EPA-EFE/WILL OLIVER

Ќе биде многу интересно да се види пречекот што ќе го добие. Сигурен сум дека ќе добие добар прием, тоа навистина го мислам, од принцот Вилијам и Чарлс. Ова е затоа што тие прават нешто посебно и двајцата ќе одржат свои говори“, посочи Реј.