Во последните неколку дена бројката на нови случаи со Ковид 19 расте. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи. Воедно регистрирани се 12 оздравени пациенти, а во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти. Во моментов бројот на активни случаи во нашата држава изнесува 401.