Со пристапувањето во членство на Република Северна Македонија и нејзините граѓаните ќе им се отворат многу можности. Многу од нив ќе настапат уште за времетраењето на преговорите.
Ова се само 6 од многуте придобивки за бизнисот и за граѓаните:
1. Од првиот ден на членство на македонските производители ќе им се отвори пазар од 500 милиони потрошувачи. Нивните производи ќе им конкурираат на европските според истите услови и правила.
2. Пласман на македонските производи без гранични контроли и поврзани трошоци; без квантитативни ограничувања; без дополнителни трошоци за царински давачки и без трошоци за двојни тестирања.
3. Потрошувачите ќе имаат пристап до повеќе, поразновидни, поквалитетни и поевтини производи поради зголемената конкуренција и намалените трошоци на производителите од друга страна.
4. Поголеми гаранции за безбедноста и сигурноста на производите поради поголемата контрола и поголема заштита на здравјето на потрошувачите како и поголема заштита на животната средина.
5. Македонските граѓани ќе имаат можност слободно да се вработат во било која држава-членка на ЕУ без никакви посебни одобрувања, квоти или работни дозволи.
6. Македонските државјани и претпријатија ќе може во било која држава членка на ЕУ да започнат економска активност и да основаат претпријатија, претставништво, или пак како самовработени лица.
Превземено од Рацин.мк