Лионел Меси ќе ја напушти Барселона, па се шпекулира дека истото го сака и Серхио Агуеро.
Токму поради Меси како слободен агент, Агуеро пристигна во Барселона ова лето, по импресивната кариера во Манчестер Сити.
Тој при пристигнувањето рече дека е среќен што ќе игра во ист клуб со Меси, но само неколку недели подоцна Меси ќе го напушти клубот.
33-годишниот голгетер, според шпанските медиуми, исто така сакал да го напушти клубот во кој штотуку пристигнал, а сега се изјасни и ги негираше обвинувањата.
„Не грижи се, ме имаш цела година“, им рече Агуеро на навивачите на Барселона.
Агуеро, исто така, испрати порака за поддршка до својот пријател и сонародник Меси во врска со неговата иднина, бидејќи се очекува да се приклучи на ПС|.
„Честитки, пријателе. И секогаш со таа насмевка. Те сакам “, објави Агуеро на социјалните мрежи.