Телевизија Телма повикувајќи се на свои извори од МВР, но и од Обвинителството, објави дека во на 20-ти февруари (сабота) Обвинителството добило белешка од МВР дека е можно бегство на Мијалков.
Во службената белешка која ја изработила полицијата е наведено дека постојат информации за евентуално бегство на Мијалков кој во петок на 26 Февруари треба да ја чуе пресудата за предметот Таргет Тврдина –за прислучкувањето и уништувањето на опремата.
Последен пат, Мијалков е виден во 14 часот кафулето „Дистрикт“ кај хотел ,,Мериот“ со Ивица Коневски. Во 14.30 тој излегува од хотелот и потоа не е виден, објави Телма.
Од страна, пак, Фокус повикувајќи се исто така на свои извори вели дека Мијалков бил физички следен, но бил следен и неговиот телефон. Сигналот бил дека патувал во неговиот дом на Водно, но подоцна се воспоставило дека во автомобилот бил само неговиот телефон, но не и Мијалков. Наводно некој друг го возел возилото, додека Мијалков избегал во непознат правец.
На барање на МВР распишана е мешународна потерница по Сашо Мијалков кој на 26-ти февруари требаше да ја слушне пресудата за случајот „Таргет –Тврдина“ каде тој е обвинет за масовно прислушување. Обвинителството за него бараше максимална затворска казна.