Ви претставуваме краток водич со трикови за полесно привикнување на детето на нокширот, но и знаци според кои треба да бидете сигурни дека детето е подготвено…
Една од најчестите грижи на младите родители е одвикнувањето на детето од пелени и навикнувањето на нокширот. Многу често, мајките имаат несигурност околу тоа како да му помогнат на детето да започне да употребува нокшир. Некогаш несигурноста проилегува од тоа што родителите не знаат дали детето е подготвено за таквата промена и по што да го забележат тоа.
Конфузијата во главата настанува особено кога ќе ги слушнат искуствата на другите родители и времето кога нивните деца започнале со употреба на нокширот.
Некои од знаците дека вашето дете е подготвено да седне на нокширот вклучуваат: мокри доволна количина одеднаш, има редовни и обликувани столици, има суви периоди од најмалку 2 часа, детето може да следи едноставни упатства, може да седи мирно од 2 до 5 минути во едно место, покажува интерес за тоалетот и навиките на другите домашни, со физички или вербални знаци покажува дека направило „беља“, покажува желба за самостојност, не го сака чувството кога пелените му се влажни, има желба да се соблекува и сл.
Овие 10 трикови ќе ви бидат добредојдени
– Бидете подготвени за процесот, тој не е воопшто лесен и навистина ќе ви бидат потребни нерви
– Обидете со со пелени-гаќички
– Што порано запознајте го детето со нокширот, најпрвин преку игра, а потоа покажете му ја неговата функција
– На детето тој процес треба да му биде удобен, никако на сила и трауматичен
– Не губете трпение и останете позитивни кога работите со детето и нокширот
– Бидете доследни, нека не ве мрзи, секојпат да станете и одново да го понудите нокширот
– Користете интерактивен пристап кој ќе ја пробуди желбата на детето за нокширот
– Играјте тимски така што сите во семејството ќе му правите „друштво“ додека детето е на нокширот
– Секогаш носете нокшир со себе, понесете го на гости, во парк, на пикник…
– Користете мотивациони награди секојпат кога вашето дете ќе напредува во процесот со нокширот