Се чини дека Меган Маркл и принцот Хари повторно ја „засенија“ Кејт Мидлтон, бидејќи нивното последно соопштение се совпадна со 39-от роденден на војвотката.

Војвотката и војводата од Сасекс се појавија на насловните страници викендов откако извор близок до нив тврдеше дека „не планираат“ да се вратат на социјалните мрежи.

Според странските медиуми, изворот велел дека Меган и Хари нема да ги користат социјалните мредиуми за да ја промовираат својата нова фондација „Archewell“.

Ваквите вести не се воопшто изненадувачки, имајќи го предвид фактот дека Меган неколку пати во минатото јасно даде до знаење дека социјалните мрежи не ѝ донеле ништо позитивно во животот и дека нема потреба да биде дел од таа мрежа. А неодамна се пишуваше и дека Хари тешко се справувал со целата негативност што се пласира на Интернет.

Instagram
Instagram

Сепак, најавата за „антисоцијални медиуми“ навистина ја засени Кејт, војвотката од Кембриџ, бидејќи на истиот ден кога оваа вест проструи низ медиумите, таа го славеше својот 39-ти роденден, пишува „Експрес“.

Кејт се огласи на „Инстаграм“ и „Твитер“ – профили кои ги споделува со принцот Вилијам, за да им се заблагодари за честитките на своите следбеници.

Instagram
Instagram

Ова само ја направи одлуката на Меган и Хари да се „одречат“ од социјалните медиуми да биде во целосна спротивност со ентузијастичкото користење на Интернет платформите од Кембриџ.

Ова, не е прв пат војводите од Сасекс да се „вмешаат“ во личните прослави на Кејт.

Имено, Меган и Хари ја објавија својата одлука да го напуштат кралското семејство минатата година, ден пред 38-от роденден на Кејт.

Instagram
Instagram

Тогаш се пишуваше дека принцот Вилијам „збеснал“ поради нивната ненајавена изјава, додека Кејт беше фотографирана како пристигнува во палатата Кенсингтон во „мрачно“ расположение и покрај прославата на нејзиниот роденден.