Премиерот Заев најавува дека владејачката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија најверојатно ќе добие ново име согласно Преспанскиот договор, каде е пропишано дека оние субјекти што се финансираат од државата треба го користат новото име.
Заев вели дека СДСМ може да се преименува во Социјалдемократи од Северна Македонија со цел да се зачува кратенката СДСМ.
Тоа досега, според лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев не е направено, бидејќи името на партија може да се смени само на конгрес.