СДСМ денеска излезе со соопштение дека Брзата помош нема да се приватизира, туку дека целта е повеќе амбулатни возила да се стават на располагање на граѓаните, откако вчера расправата беше повлечена од пленарна седница, а ВМРО-ДПМНЕ и Левица законот за здравствена заштита го блокираа со околу 2000 амандмани.

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установисе приватизира, велат од СДСМ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица сметаат дека измените на Законот за здравствена заштита отвораат можност за приватизација на Итната медицинска помош. За следниот петок е закажана јавна расправа на која се повикани лекарските здруженија, комори, преставници од клиниките, лекари.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта се обидува да го истурка законот на мала врата заради компанија наводно блиска до врвот на власта. Само Левица до Комисијата за здравство поднесоа 1200 амандмани, за како што велат да го спречат донесувањето на овој штетен закон.