Шпанскиот играч за врска Иско не е задоволен од третманот во Мадрид и сака да си замине.
Иско има освоено четири титули во Примера и две титули во Лигата на шампионите со Реал, но тој не игра доволно оваа сезона и е само резервна опција со тренерот Зинедин Зидан.
Токму затоа, играчот за врска планира да го напушти клубот, а Марка пишува дека сè може да се случи вечерва до полноќ, до кога ќе трае зимскиот преоден рок во Шпанија.
Севилја беше најзаинтересирана, но сепак останува да видиме каде ќе заврши Иско.
loading…