Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем од Англија, Милан, Интер, Јувентус од Италија, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико од Шпанија, се тимовите кои го потпишаа првото соопштение на Европската супер лига, со што се согласија за формирање на ова натпреварување. Веста, за идејата која потекнува од 2009-та од Флорентино Перез во фудбалскиот свет предизвика земјотрес.
Според планот, Суперлигата би требало да брои 20 клубови, а сега се 12. Но, „Мундо Депортиво“ пишува дека наскоро на лигата ќе се приклучат тимови од Германија и Франција. Весникот од свои извори тврди дека Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и ПСЖ наскоро исто така ќе има се приклучат на 12-те елитни клубови во Суперлигата.