Црно-белиот филм снимен за време на ковид-19 е фузија на талентите на Џон Дејвид Вашингтон и Зендаја, а многумина предвидуваат дека токму тоа може да биде победнички рецепт за успех во трката за Оскарите, пишува „Variety“.

Напишан и режиран од Сем Левинсон, филмот ја раскажува приказната за Малком, режисер и неговата девојка Мари, кои една вечер по премиерата на неговиот најнов филм, ја преиспитуваат нивната љубов додека ги чекаат коментарите на критичарите.

Instagram
Instagram

Многумина велат дека ова е најдоброто дело на Вашингтон кое го надминува успехот на „BlacKkKlansman“ во режија на Спајк Ли.

Зацврстувајќи го своето место во иднината на холивудската индустрија, ова може да биде филмот кој ќе му го донесе престижното признание.

А Зендаја е една од најголемите светски ѕвезди во моментот, која полека и ненаметливо ја прикажува својата актерска умешност.

Од „Spider-Man: Homecoming“ до хит-серијата на „HBO“ насловена „Euphoria“ благодарение на која стана втората афроамериканка што ја освои наградата за најдобра актерка во драмска серија во 2019 година.

Instagram

Па нејзините обожаватели се прашуваат, дали со нејзината улога во „Malcolm & Marie“ може да влезе во трката за најдобра актерка и на Оскарите?

Премиерата на филмот е закажана за 5 февруари на „Netflix“.