Откако меѓународните посетители ќе се осмелат да се вратат на каналите што ги пресекуваат средновековните улици во Амстердам, тие би можеле да откријат дека повеќе ќе немаат пристап до една од најпознатите туристички атракции во главниот град на Холандија.

Unsplash
Unsplash

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема сака да им забрани пристап на странските туристи во кафулињата – продавници за марихуана, со цел да се намали антисоцијалното однесување и да се направи градот попривлечен за побогатите гости.

Unsplash
Unsplash

Сопствениците на познатите кафулиња во Амстердам се спротивставуваат

Тие за Би-Би-Си велат дека ако на туристите им биде забрането да ги посетуваат регулираните локали, тие ќе бидат турнати во прегратките на безмилосните улични дилери на дрога.

Unsplash
Unsplash

„Целосно ослободени од ланецот“

Амстердам е познат по низа работи, вклучително и раздвижениот ноќен живот – улици со црвени фенери, кафулиња и барови – што успева да привлече 20 милиони туристи годишно.

Како и остатокот од Холандија, овој град во моментов е во изолација.

Unsplash
Unsplash

Некои од 850.000 жители на овој град би сакале животот по пандемијата да личи како во моменталната ситуација отколку да се врати на стариот живот.

Бернардет де Вит сака да се ослободи, како што рече од „туристи со ниска вредност“, вклучувајќи ги и младите британки „облечени како розови пениси – бидејќи тие се „целосно ослободени од ланецот“.

Бернадет само потсетил како се однесувале бројните посетители пред пандемијата, како на пример дека уринирале на улиците и повраќале во градините.

Unsplash
Unsplash

Градоначката има план!

Со намалувањето на туризмот основан на достапноста на канабисот, таа верува дека ќе ги одврати тој вид на туристи и ќе го намали непримерното однесување.

Во повеќето делови на Холандија, од посетителите на кафулињата веќе се бара да презентираат доказ за државјанство, но ова правило сè уште не се применува во главниот град.

Градската влада веќе испроба други методи за да го намали притисокот што доаѓа со „прекумерниот туризам“.

Unsplash
Unsplash

„Ер-би-ен-би“ апартманите неодамна беа забранети во строгиот историски центар, а иднината на улицата „Red Lantern“ е под големо прашање по предлогот зоната за секс  да се премести во предградијата на градот.

Кафулињата се само најновите места што ги интересираат љубителите на задоволствата и кои биле мета на мерките.

„Останале само осум кафетерии“

Во „Greenhouse Cafe“ на Јоаким Хелмс, ѕидовите се покриени со фотографии на кои тој се прегрнува со познати гости, од Ријана до Ричард Бренсон, од Снуп Дог до Мајли Сајрус.

„Овде живеев цел живот“, вели сопственикот.

„Луѓето кои доаѓаат да пушат трева, но не се оние кои прават хаос“.

Исклучувањето на туристи од кафулињата можеби е полесно отколку справувањето со ефтини летови и сместување, но тоа не е начин да се подобри Амстердам за локалното население, смета тој.

Unsplash
Unsplash

„Заостанато“ поради холандските закони за канабис

Контрадикторното холандско законодавство создаде она што е познато како „политика на мали врати“: производството на канабис е нелегално, но холандските кафулиња имаат право да ги продаваат.

Иако се работи за технички криминал, продажбата на мали количини е „толерирана“.

Оваа политика значи дека кафулињата купуваат залихи од криминални лозари од подземјето, кои најмногу ги одгледуваат илегално во Холандија или шверцери од земји како Мароко, Јамајка, Колумбија и Тајланд.

Јоаким и другите сопственици за Би-Би-Си изјавија дека нивната репутација страда поради непочитување на прописите.

Експериментите се во тек во 10 градови што ќе им овозможат на мал број кафулиња да купуваат производи од овластени холандски производители на канабис.

Unsplash
Unsplash

„Гледаме како другите градови се движат напред“, додека ние заостануваме зад нив.

„Лошо е за Амстердам – ​​овој либерален, толерантен град всушност заостанува“, се жали тој.

Може ли туристите да бидат мета на улични дилери?

Би-Би-Си ги праша локалните власти во Амстердам што мислат за предупредувањето на сопствениците на кафулиња дека забраната за посета на нивните барови едноставно може да го премести проблемот на улиците на главниот град.

Во изјавата што ја добивме се вели: „Напредниот пазар на канабис создава се повеќе профит и е сè поранлив на криминални активности“.

„Тековната политика на толеранција го отежнува, можеби дури и невозможно, сопствениците на кафулиња да не одржуваат врски со нелегални добавувачи“.

Но, Марк Џејкобс, кој го води клубот Рукиз во тесната улица во сенка на Ријксмузеум, верува дека плановите на градоначалникот ќе поттикнат вид на криминално и антисоцијално однесување што градската влада сака да го избегне.

Дилерите се оние кои ќе бидат среќни: бруталните момци, јас веќе го гледам тоа. Ќе бидам приморам да се затворам во еден наутро, а потоа дилерите ќе чекаат и нема да им е гајле што ќе ви продадат или што ќе ви се случи“.

„Нема да биде толку безбедно на улиците како што е сега. Ќе имате нов „Ал Капоне“, ќе се појават нови дилери, илјадници од нив“.

Кафулињата играат важна улога во заштитата на младите, тврди Јоаким Хелмс, кој стравува дека во спротивно би можеле да завршат како курири или да продаваат дрога на улица.

Но, многу жители не гледаат на тоа така, бидејќи и полицијата и обвинителството се залагаат за построга контрола, многу е веројатно дека од следната година на странските посетители ќе им биде забранет пристап до кафулињата во Амстердам.