Генералниот директор на бугарската национална компанија „Железничка инфраструктура“, инжинер Красимир Папукчијски, заедно со генералниот директор на Македонски железници Хари Локвенец и директорот на Албанските железници Ани Дурмиши, потпишаа договор за трилатерална соработка за железничката конекција меѓу трите земји и разговараа за подготвеноста на секоја една од земјите вклучени во проектот.
На прашање на БГНЕС што во пракса значи Договорот, бидејќи за Коридор 8 се говори повеќе години, но не е завршено многу, инжинер Папукчијски истакна дека во 2027 година треба да биде готова железничката пруга Софија-Скопје, а до 2030 година Бугарите ќе можат да одат на Јадранско Море со воз до Драч.
Во септември месец треба да се одржи средба на територијата на Албанија а директорот Папукчијски истакна дека најголемиот проблем може да се јави поради неможноста да се гради околу Охридското езеро кое што се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Директорот на бугарските железници истакна дека спорот помеѓу Софија и Скопје нема да влијае врз работата по изградбата на Коридорот 8.