Компанијата „Фејсбук“ размислува да лансира нова верзија на својата популарна социјална мрежа „Инстаграм“ која би била специјализирана за деца под тринаесет години, со це да им се овозможи „безбедно“ да ја користат истата.

Во моментов, компанијата не дозволува креирање профили на апликацијата за корисници кои се на оваа возраст.

Profimedia
Profimedia

Портпаролот на „Фејсбук“  изјави дека компанијата ја истражува можноста за нова верзија на „Инстаграм“ во која би можеле да бидат вклучени родителите, слична на апликацијата „Messenger Kids“ или „Youtube Kids“, наменети за деца од шест до дванаесет години.

Сè повеќе деца ги прашуваат своите родители дали можат да се приклучат на апликации со чија помош би можеле да бидат во контакт со своите пријатели. Во моментов родителите немаат многу опции, па затоа работиме на градење дополнителни производи, што би биле погодни за деца, а родителите би можеле да имаат пристап до истите“, изјави протпаролот.

Сакаме да понудиме искуство на „Инстаграм“ кое би можеле родителите да го контролираат за да им помогнеме на децата да бидат во чекор со своите пријатели, да откриваат нови хобија, интереси и многу повеќе“, додаде тој.

pixabay

Но, познат е фактот дека иако од корисниците се бара да ја внесат нивната возраст кога отвараат свои профили на „Инстаграм“, тоа не ги спречува да лажат за својата возраст при регистрација. Од „Фејсбук“ соопштија дека работат на решение со помош на кое ќе се надмине и овој проблем.

Компанијата исто така објави дека планира да вклучи нови безбедносни функции, вклучително и спречување на возрасни да испраќаат пораки до корисници на возраст под 18 години кои не се во нивната мрежа на пријатели, безбедносни известувања за тинејџери кога некое возрасно лице се обидува да ги контактира или им испраќа барање за пријателство…

epa-efe

Тинејџерите исто така ќе бидат охрабрени да ја изберат функцијата за „заклучен“ или приватен профил при самата регистрација.

Студија за употреба на Интернет од страна на тинејџери во Австралија, откри дека 57% од австралиските тинејџери ја користат апликацијата „Инстаграм“, додека 30% изјавиле дека ги контактирал некој непознат, а 20% кажале дека им била испратена несоодветна или несакана содржина на социјалните мрежи, пишува „Гардијан“.