Премиерот Зоран Заев денес од Јегуновце истакна дека за да се заокружи правото на граѓаните да гласаат ќе се изнајде решение. Во минатото пракса била дадена можност да се гласа и со истечен рок на важење на лична карта.
-Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејстиве од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање.Имајќи предвид дека вака е заглавено ова решение, првата можност е со работа на Парламентот од 1 септември да се донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората работа е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, правилници или критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но, сите немаат пасоши, изјави Заев.
Според Заев, проблемот е посуштествен, не е само за изборите. Голем дел од банките, напомена, не ги ставаат во функција трансакционите сметки со истечена лична карта, па граѓаните не можат да земат пензија, социјална помош, а некои имаат здравствбнеи потреби што се врзани со личната карта или со трансакционата сметка или други потреби.
МВР, според Спасовски има обрасци, закажува термини и ја врши целата постапка за апликација за лични карти. Проблем е нивното издавање, бидејќи како што вели со илјадници амандмани опозицијата го блокирала Законот за лични карти во Собрание. Со оглед на тоа дека до крајот на месецов претениците се на колективен одмор, граѓаните кои имаат поднесено барање за лична карта, нема да можат да ги подигнат се до септември, а можеби и подолго.